Џет-Сет
18. May 2016 - 9:22

Сексипилната блондинка од „Топ Ган“ денеска е непрепознатлива

Минаа триесет години откако на филмското платно се појави популарниот филм „Топ Ган“. 

Додека Том Круз, главниот лик, редовно го гледаме и денес, главната актерка Кели Мекгилис ретко се појавува на сцената. 

Откако во 1986 година ја одигра улогата на инструкторката Чарли, Мекгилис се повлече од Холивуд и се посвети на театарот. 

Триесет години постара и со куса коса, ѕвездата од осумдесетите години на минатиот век денеска е речиси непрепознатлива. 

Мекгилис (58) во 2009 година призна дека е лезбејка и во моментов живее со нејзината партнека Мелани Лис.

Претходно актерката имаше два неуспешни бракови и доби две деца.