Џет-Сет
4. November 2017 - 14:14

Секси робијашот го тужи поранешната жена: Тој не плаќа алиментација и не го гледа синот!

Манекенот и поранешен затвореник Џереми Микс поради богаташката Клои ја остави медицинската сестра мелиса, која тврди дека е во долгови додека тој се богати и вози прескап автомобил.

Џереми Микс (33) кој се прослави како секси робијаш, се разведе од Мелеса (38) со која беше во брак 8 години.

Причина е неговото неверство и врската со богаташката Клои Грин (26). Мелиса наведе дека таа како медицинска сестра заработува само 10.000 долари, а нејзините трошоци за живот се многу поголеми, а тој пак заработува по милион месечно и има многу накит и скап автомобил.

Таа истакна и дека тој само два пати месечно го гледа нивниот син, како и тоа дека на суд ќе бара алиментација.