Живот
27. October 2015 - 23:13

Секси кумановка со најјако деколте

Во публиката на модниот викенд кој изминатата недела му се случуваше на Скопје, можевме да забележиме доста инспиративни, урбани, индивидуалистички, ексцентрични, како и провокативни стајлинзи.

iva500

Секој со својата креативна замисла и идеја се обиде да го носи најдоброто на себе, а пак фоторепортерите навистина имаа полни раце работа да ги „уловат“ најоригиналните изданија кои се најдоа во фотогалеријата на Моден викенд-Скопје.

1iva500

Меѓу најмаркантните во публика беше младата дизајнерка од Куманово, Ива Спасовска која се истакна со провокатвното длабоко деколте што ги откриваше нејзините раскошни гради.

Овој храбар стајлинг ретко кој не го забележа, а Ива гордо и самоувероно се носеше во фокусот од вниманието на останатите.

Оваа млада дизајнерка е сопственичка на модно ателје од кое не ретко излегуваат токму вакви уникатни и провокативни креации што некои од нашите пејачки веќе ги обожаваат, како младата Зои Блаж и фолкерката Сања Петковска.

2iva500

Извор: Вистина.мк