Живот
21. јуни 2018 - 10:04

Секси граничарки ја чуваат Украина: Снимката од оваа забава не била за сечии очи

 

Девојките кои се облечени само во долна облека и во делови од униформи, танцуваат и се забавуваат на снимките. Се било документирано на забавата која граничарките ја направиле во селото Оршанетс во регионот Черкаси во Украина. 

Видеото е поставено на Фејсбук пред неколку дена и станал голем хит откако го споделил украинскиот телевизиски водител Руслан Котсаба.

"Тие огнени и жешки граничарки би требало да одржат геј парада ширум Украина", напишал Котсаба, додавајќи дека би биле совршени за работата, ако им се даде шарена долна облека и научат подобро да танцуваат.

Некои од корисниците на Фејсбук сметаат дека танчарките ја посрамиле украинската униформа и барале да бидат отпуштени.

Овие критики ги надминале позитивните коментари на луѓето кои не виделе ништо навредливо на снимката и ги бранеле службеничките.

"Граничарите се и луѓе...Тие имаат право да се опуштат...Добро направено...Убави девојки", напишал еден од корисниците.