Живот
17. February 2018 - 12:06

Секс игра се претворила во трагедија: Маж и жена починале среде секс во гаража

Чудна несреќа го потресе германскиот град Ботроп откако полицијата пронашла тела на несреќни љубовници.

Изгледа дека поради студеното време го запалиле автомобилот во гаража и се отруле со јаглерод моноксид.

Форензичарите заклучиле дека станува збор за несреќа, но за да ги отфрлат сите други сомнежи, ќе направат и биопсија на телата.

Нема траги на злочин, а нивото на јагледот моноксид во крвта се уште треба да се утврди, иако сè упатува на труење со гас.

Маж (39) и жена (44) пронајдени се полуголи во автомобил заклучен во гаража. Истражувачите тврдат дека на парот му било студено, поради што го запалиле моторот на автомобилот кој останал да работи со часови.

Отровниот гас во преголема количина дошол до нив, поради што се отруле.

Полицијата ја отворила гаражата откако семејството на сопственикот го пријавило неговото исчезнување, пишува Билд.