Секоја скенирана сметка учествува на дневно, месечно и главно извлекување на парични награди МојДДВ#MojaНаграда
Со секоја скенирана сметка преку апликацијата МојДДВ, граѓаните ќе учествуваат во наградната игра МојДДВ#МојаНаграда. Секоја скенирана сметка станува потенцијален добитник на парични награди кои ќе се доделуваат на дневно ниво, додека оние кои ќе бидат недобитни на дневно ниво, ќе учествуваат во месечно извлекување на парични награди. Недобитните скенирани сметки на месечно ниво ќе учествуваат во извлекување на две главни парични премии, соопштуваат денеска од Министерството за финансии.
Истовремено, со секоја скенирана сметка, граѓаните ќе остваруваат право на поврат согласно Законот за МојДДВ.
Фондот за МојДДВ#МојаНаграда е 31 милион денари и сите награди се парични. Наградната игра треба да започне на 25 ноември, а дополнителни детали за апликацијата и наградната игра ќе бидат соопштени на прес-конференција.
Инаку, апликацијата МојДДВ ќе биде и унапредена и покрај гореспомнатите новини ќе добие и нов, едукативен карактер.
Министерката за финансии Нина Ангеловска вели дека МојДДВ#МојаНаграда е унапредување на мерката МојДДВ, која дава резултати и ќе биде дополнителен мотив на граѓаните во борбата против сивата економија.
– Наградната игра МојДДВ #МојаНаграда е еден вид унапредување на мерката која до сега даде резултати. При креирањето на наградната игра тимот кој работеше ги зема предвид и бројните предлози што пристигнаа од граѓаните и задоволство ми е да ви кажам дека добар дел од нив ќе бидат и инкорпорирани во унапреденото решение. Исто така беа земени предвид успешни најдобри практики од други земји. И не само тоа туку одиме чекор повеќе и покрај наградувањето наградната игра има и едукативни елеметни кои ќе влијаат на финансиската писменост, изјави министерката Ангеловска.
Апликацијата мојДДВ има 200 илајди инсталации и на месечно ниво се скенираат над 7,5 милиони сметки од страна на над 150 илјади активни корисници кои скенираат. На крајот на годината ќе биде првата исплата на остварениот поврат на ДДВ, кој за три месеци од реализација на мерката досега изнесува над три милиони евра.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок