Македонија
20. July 2021 - 12:27

Секоја година за 10 отсто се зголемува бројот на малигно заболени

Од година во година за 10 % се зголемува бројот на пациенти со малигни заболувања. 

Едноставно започнавме со некои нови процедури, па и затоа се зголемува бројот на малигни болести, вели Слободан Рогиќ, раковотидел на одделение за патологија

Пропорционално на тоа, расте и потребата за испитување на патолошки материјали. Штипската клиничка болница од сопствени средства за потребите на одделението за патологија, набави микротом во врдност од 14.000 евра.

Со тој инструмент се процесира ткиво со дебелина 0,4 мм за да биде погодно за микроскопирање. Многу е значаен, зошто се зголемува обемот на работата, а и големината на регионот. Од Кочани, од Велес, од Свети Николе, од сите околни општини доаѓаат овде кај нас за анализа на патолошки материјали -додаде Рогиќ.

Штипска клиничка започна нормално да функционира, но се подготвува и за евентуален нов есенски бран на ковид пандемијата. Инфективното одделение екстериерно се реконструира, а деновиве ќе се постави и централен довод на кислород.

Ќе имаме над 120 кревети со централен довод на кислород, она што ни беше сериозен проблем изминатите година и половина - изјави Ален Георгиев, директор на Клиничка болница - Штип.

Во моментот за ковид пациентите на располагање е модуларната болница, во која има само двајца пациенти.