-->
-->
Секоја чест - Нема раце а свири клавир пилотира и...
-->
Американката Џесика Кокс (32) е родена без раце, а, сепак, тоа не ја спречило да ги извршува секојдневните работи, па ни да научи да управува со авион.
Како мало девојче таа носела протетички раце. Сега комплетно се потпира на своите две здрави нозе. Со нив извршува апсолутно се.
-Ништо не може да ја замени способноста на мускулите и коските, а моите нозе ја имаат таа способност, вели Џесика.
Пред пет години таа станала првата жена пилот која пилотска дозвола добила откако испитот го положила со нозе. Со ова постигнување таа влегла во Гинисовата книга на рекорди. И требале три години, три различни авиони и инструктори.
Џесика, исто така, е првиот освојувач на црн појас во теквондо кој и го додели Американскиот теквондо сојуз. Во триесетата година од животот се омажила за Патрик Чемберлен кој и бил тренер и докажала дека физичкиот инвалидитет нема да и управува со животот. Автомобил вози без никакви помагала, пишува на тастатура и свири клавир.
-Луѓето веднаш помислуваат дека многу тоа не можам бидејќи немам раце. Но, го докажав спротивното. Во својата трета години тренирав гимнастика, во шестата танцување. Се занимавав со моделинг, со пет години научив да пливам, а со 10 почнав да одам на тренинзи од теквондо. Сум се занимавала со сите активности кои можете да ги замислите, рече таа.
Сопругот во се и е голема поддршка. Единственото нешто за што и треба помош е средувањето на косата.
-Патрик знае многу убаво да ми ја заврзе косата во голема опашка, да ми направи пунџа и плетенка, се пофачи тааза „Дејли мејл“.сд/
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација