Македонија
31. May 2019 - 16:36

Секој втор возрасен Македонец е пушач - 40.500 лица годишно се лекуваат како последица на пушењето

Секој втор граѓанин во земјава пуши цигари. Годишно 1500 лица умираат како последица од пушењето, а од рак на бели дробови, ХОББ, астма и други болести предизвикани од тутунот болнички се лекуваат над 40.000 луѓе, објавија од ИЈЗ.

- Пушачите имаат за 22 отсто поголем ризик да заболат од рак на бели дробови од непушачите, изјави проф. д-р Елена Ќосева од ИЈЗ.

Според експертите по јавно здравје не само цигарите, туку и сите тутунски производи и електронските цигари се штетни по здравјето.

- Тие, освен никотинот и другите канцерогени состојки, содржат и други штетни материи како тешки метали, батерии, ароми, бои и друго, кои пушачите ги внесуваат во организмот. А оние кои пушат електронски цигари, при издишување во воздухот испуштаат аеросоли, никотински деривати, тешки метали и друго, утврдило испитување на СЗО – рече д-р Ќосевска.

Досега од 1200 лица кои ги посетувале Центрите за одвикнување од пушењето, само 4-ца се откажале од цигарите. Од ИЈЗ сметаат дека државата треба да вложи повеќе финансии за превенција и терапија против оваа штетна навика.