Македонија
7. April 2016 - 19:30

Секој што ќе нападне доктор, ќе одговара кривично- Денеска е светски ден на здравјето

Лекарите се службени лица. Секој кој ќе се обиде физички да ги нападне кривично ќе одговара. Законските измени следеа по зачестените напади врз лица во бел мантил, а кулминираше со пукањето со огнено оружје во хирург на скопските клиники. После овој настан претставниците на фелата и министерството потпишаа и повелба за унапредување лекарските права.

-Во делот на заштитата на лекарите ваква законска одредба постои, ја вметнавме со измените на Законот за здравствена заштита со која предвидовме дека напад на лекар се смета за напад на службено лице, што значи дека казната за напад на лекар е исклучително висока, исто како да се нападне друго овластено службено лице за што има повисоки санкции од обичен напад. Ако има такви напади, тие ќе бидат санкционирани согласно овој закон. Законот е донесен во овој сегмент и стапен на сила и секој напад на лекар се смета за напад на службено лице и се казнува согласно тој закон. Тоа е кривично дело, изјави Никола Тодоров, министер за здравство.

Од македонското лекарско друштво бараат двојно да се казнуваат напаѓачите на лекарите.

На светскиот ден на здравјето министерот Никола Тодоров истакна дека сериозано се вложува во јавното здравство. Во моментот има инвестиции од 42 милиони евра во опрема, градба и реконструкција на болници. Лани на одука биле 1000 здравствени работници, а едукациите продолжуваат и годинава. За Тодоров напредокот кој го констатира Европскиот здравствен потрошувачки индекс е најдобра оценка за македонското здравство.