Секој нововакциниран Американец ќе биде награден со сто долари
Американскиот претседател Џо Бајден ги повика властите на американските сојузни држави да го наградат секој нововакциниран граѓанин против Ковид-19 со 100 долари, за да се зголеми стапката на имунизација, соопшти Министерството за финансии. Во соопштението на Министерството се наведува дека фонд од 350 милијарди долари може да се искористи за таква иницијатива, наменет за државите, локалните и другите власти да се борат против последиците од пандемијата со Ковид-19. Американското Министерство за финансии соопшти дека ќе обезбеди техничка помош за користење на средствата од тие фондови за поддршка на помасовна вакцинација.
Американскиот претседател Џо Бајден ги повика властите на американските сојузни држави да го наградат секој нововакциниран граѓанин против Ковид-19 со 100 долари, за да се зголеми стапката на имунизација, соопшти Министерството за финансии.
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот