Бизнис
24. February 2016 - 17:06

Секој недвижен имот ќе добие своја пазарна цена - Почна постапката за масовна проценка на Катастарот

Секој недвижен имот ќе добие своја пазарна цена.  Почна постапката за масовна проценка на катастарот. За секое земјоделско земјиште, деловен објект, куќа, стан,  инфраструктура ќе се обезбедат  точни податоци кои многу ќе им користат  на оние  кој сакаат да го продадат својот имот, за купувачите , ако сосптвеникот сака да  го искористи да го стави под хипотека за да добие кредит од банка и на финансиските институции. Целиот процес на проценување на врендоста на сите имоти во змејава, од катастарот очекуваат да заврши за две години. Наскоро ќе почнат и теренски контроли.

Масовната проценка   се врши според европски стандарди и методологија.

Според странските експерти со масовната проценка, нема да има простор за малверзации да се прецени или подцени вредноста на имотот и ќе се врати довербата кај граѓаните.

-Таквите информации се важни за економијата на една земја. Ако некој сопственик на еден недвижен имот има добра информација за вредноста може лесно да отиде во банка и да добие заем врз основа на хипотекарен кредит. Многу е важно целиот процес да биде транспарентен  за да има ефикасен пазар и да расте  довербата на јавноста, рече Ханс Содерланд, експерт од Шведска

Досега се регистрирани над 20 илјади трансакции на недвижности на имот.  Од нив 60 отсто се купопродажни 40 проценти закуп.  Од обработените податоци досега во Скопје се евидентирани 552 стана, со просечна  цена за метар квадратен од 51. 870 денари,  во Битола   просекот за квадрат е 31. 555 а во Штип  30.000 денари.