Балкан
6. November 2017 - 23:46

Секој ден од БиХ заминуваат еден до двајца лекари

Секој ден од БиХ си заминуваат еден до двајца лекари. Најалармантно е во Тузланскиот кантон, од каде државата ја напуштаат најмногу лекари, вели претседателот на Синдикатот на лекари и стоматолозиРифат Риад Заид.

Тој потенцира дека генералниот штрајк на синдикатот, кој почна утрово, ќе продолжи се додека не се исполнат нивните барања.

Рифат Риад Заид е задоволен што со премиерот Конаковиќ денеска беше постигнат договор за потпишување на колективен договор, и рече дека тој дејствувал како „држава“.

- Сакаме да се направи колективен договор, за јасно да се види позицијата на лекарот во здравствениот систем. Така е насекаде во светот, рече тој, додавајќи дека колективниот договор е единствениот начин да се запре егзодусот на лекарите.