Балкан
19. November 2015 - 9:31

"Секој ден ме тепа, не знам како сум уште жива" - Милица испратена во вечниот дом

60-годишната Милица од Србија која нејзиниот една година постар маж ја закла на слава, беше испратена во вечното живеалиште. Неколку стотини пријатели, роднини и семејството ја испратија несреќната жена во вечниот дом. Внукот на Милица, Андрија, читал дел од дневникот кој таа го водела  за својот живот.

- Добивав ќотек и не смеев да прашам зошто. Имам 60 години и се прашувам како уште сум жива. Не знам зошто ме тепа секој ден, напишала таа.

Милица била испратена со звуците на локалниот оркестар.

Нејзините деца и внуци едвај стоеле на нозе завиени во црно.

Сопругот на покојната го призна делото и рече дека не се кае.