Џет-Сет
4. May 2016 - 13:51

Сеќавање на Маринко: Пријателите се собраа на неговиот гроб за 40 дена

Семејството, колегите и блиските пријатели на Маринко Маџгаљ се собраа денеска на Бежаниските гробишта во Белград по повод 40-дневниот помен на покојниот актер.

Меѓу присутните беше и мајката на Маринко Мирјана и неговата долгогодишна девојка Лана Секулиќ, како и пејачот Сергеј Ќетковиќ, Огњен Амиџиќ со сопругата Данијела како и актерите Ненад Јездиќ и Бранимир Брстина.