Фудбал
11. May 2020 - 20:47

Сеќавање на големата трагедија во Брадфорд

Пред точно 36 години се случи една од најголемите трагедии во англискиот фудбал кога на стадионот на Брадфорд од пожар загинаа 56 навивачи. Огинот беше предизвикан од неизгасена цигара за што подоцна никој не одговараше. 
Овој датум се смета за еден од најтажните во англиската област Јоркшир наместо да биде највесел бидејќи на денешен ден 1985-тата година Брадфорд сити требаше да прослави пласман во втората англиска лига.  На мечот со Линколн на стадионот имало 11 илјади луѓе а пожарот бргу се проширил бидејќи дувало силен ветер.  Трагедијата се случи во 40-тата минута при резултат 0-0 кога се запали една од трибините и додека присутните ја сфатиле опасноста трибината на која имало 3000 гледачи пламнала. 
Стадионот бил стар 100 години и изграден од дрво и лесно запалив покрив и веднаш настанала голема паника.  Оние што бегале кон теренот се спасила но голем дел заминале кон тоалетите и излезите настрадале. 54 од настраданите биле навивачи на Брадфорд а двајца на Линколн. На нивните фамилии им е исплатена општета од 4 милиони фунти а гледачот кој со фрлената цигара ја предизвикал трагедијата бил ослободен од обвинението со образложение дека се работи за несреќен случај. 
Пожарот бил надвор од контрола, запалени делови паѓале врз луѓето и многумина дезориентирани од густиот чад или се задушиле или изгореле. На трибините немало апарати за гасење пожар поради страв од хулиганизам.
До 1989 година ова беше најголема трагедија во историјата на англискиот фудбал. Од 56-те жртви, 54 биле фанови на Брадфорд, а двајца на гостинскиот Линколн. Судот пресудил дека до смртта на 56 луѓе дошла благодарение на несреќен случај, па никој не одговараше за катастрофата. На семејствата на жртвите им беа исплатени вкупно 4 милиони фунти.