Џет-Сет
19. November 2017 - 19:59

Сека работи на проширување на семејството: Се молам наскоро да добијам уште едно бебе

Откако стана мајка, Сека Алексиќ се подреди според едногодишниот син Јаков.

Пејачката вели дека ужива во родителството, но и дека би сакала што побрзо на наследниокот да му подари брат или сестра и затоа е повторно на програмата за вештачко оплодување.

-На некои работи не можете да влијаете, се тоа е во божји раце. Сопругот и јас уживаме во секој момент со нашиот син, кому сме му максимално посветени и се молиме нашата куќа наскоро повторно да биде уште побогата за мал член, вели низ смеа Сека.

Таа моментално минува низ слатки мака зошто нејзиниот син учи да оди.

-Многу е активен. Само се качува по скалите, не можеме да го стигнеме. Јаков е весело дете кое го интересира се што се случува околу него. Забавно ни е со него и уживаме во секој момент, вели Сека.