Сејдини избран за нов претседател на ФФМ
-Најнапред да ја искажам мојата благодарност за укажаната чест. Голема е честа да се биде претседател на ФФМ и да се бориме за македонскиот фудбал. Во името на ФФМ да ви се заблагодарам на соработката но и да ви укажам на новите предизвици кои треба да ги исполниме. Во професионалната активност ќе работиме на јакнење на меѓусебното почитување. Да ја зголемиме хуманоста и масовноста во фудбалот и да создаваме услови за нашето фудбалско живеење. Со нова инфраструктура мак-фудбалот ќе има подобри денови. Се ова ќе го работиме со многу труд а за тоа се потребни луѓе кои се подготвени на предизвици.
Бидете сигурни дека со сите капацитети ќе ги исполниме сите планови на ФФМ.
Им благодарам на ФИФА и УЕФА кои се дел од нашето работење и ќе бидеме горди на нови проекти.
Ве повикувам сите чесно и одговорно да продолжиме за развој на фудбалот во нашата држава- истакна во говорот новиот претседател Муамед Сејдини.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност