Македонија
29. November 2019 - 17:01

Сеизмолозите смируваат, градбите во Македонија се безбедни да издржат земјотреси

Македонија може мирно да спие во случај на земјотрес. Ова се должи на издржливост на градбите за кои сеизмолозите уверуваат, дека се најквалитетни во регионот, а се градат согласно стандардите за армирано-бетонски конструкии. Објектите можеле да издржат земјотрес со јачина  до 7 степени според Рихтер или интензитет од 9 степени.

Сите градежни проекти кои се пуштени во процедура,  подлежат на дополнителни контроли, во текот на проектирањето. Позитивно мислење се дава само доколку проектот ги  задоволува техничките стандарди и прописи. Ако се работи за поголеми површини, ИЗИС е должен да излезе на терен, за да провери дали квалитетот на конструкциите соодвестува со основниот проект за кој е добиен градежна дозвола. 

Издржливи се и старите градби, тврдат надлежните.  Но кај нив треба да се внимава при евентуална  доградба или надградба. Проблем останува контролата на квалитетот на дивоградбите.

За тоа кој се може да добие  дозвола за градење, градоначалникот  на Град Скопје Петре Шилегов вели дека нема ингеренции да одлучува по тоа прашање.

Следната недела две екипи од Институтот за сеизмолоја заминуваат во Албанија, каде инспекторите ќе вршат увид кои објекти се безбедни а кои не. Катастрофалниот земјотрес во вторникот, однесе  над 50  животи, а  стотици се повредени.