Loading Video...
Ракомет
21. March 2019 - 19:43

СЕХА:РК Вардар со четири претставници во идеалниот тим

Ракометарите на Вардар ги очекува покрај настапот во Лигата на шампионите и учество на завршниот фајнал од СЕХА лигата. Во рамките на подготовките на овој настан од регионалната лига го објавија идеалниот тим на сезоната.

Според гласовите на капитените на сите 10 екипи кои играа во  СЕХА лигата во најдобриот тим се дури четири ракометари на црвено-црниот тим.  Тоа се голманот Дејан Милосављев, левото крило Тиумир Дибиров , средниот бек Игор Карачиќ и десниот бек Данис Криштопанс.  Покрај Вардарците во тимот на сезоната се уште и петар Ѓорѓиќ од Мешков Брест, Златко Хорват од Загреб и пивотменот на Нексе Марин Шишиќ.

Златко Хорват од екипата на Загреб е МВП на сезоната. Најдобар дефанзивец е Павел Хорак од Мешков Брест додека тренерот на Мешков Брест Маноло Каденас е најдобриот тренер.

Завршниот турнир од СЕХА лигата се игра на 2-ри и трети април во Брест, Белорусија  а Вардар кој се бори за 5-тата титула  во полуфиналето ќе игра против домаќинот Мешков додека во второто полуфинале играат Загреб и Нексе.