Loading Video...
Ракомет
27. February 2019 - 18:59

СЕХА:Металург поразен во Ниш

Ракометарите на Металург се поразени со 27-25 од домашниот Жељезничар во меч од СЕХА лигата. 

Македонскиот претставник во текот на целиот натпревар вршеше притисок врз противникот но не успеа да дојде до пресврт откако избраниците на Веселин Вујовиќ умешно одржуваа предност од 2-4 гола. 
Во самиот финиш Металург искористи неколку грешки на Железничар и се доближи на гол негатива но немаше сили и пред се искуство да го изненади противникот. 
Дупјачанец беше солиден на голот со 11 одбрани додека најефикасни кај Металург беа Танкоски и Димитриоски со по 4 погодоци. 
Следниот меч Металург го игра кај Татран Прешов а вечерва Вардар во 20.15ч игра на домашен терен против Загреб.