Loading Video...
Ракомет
28. October 2019 - 19:12

СЕХА: Вардар утре во Загреб гостин на Пекинг Спорт

Заврши ЕХФ ракометната недела по што следуваат настапи на нашите претставници во СЕХА лигата. Вардар отпатува за Загреб додека  Еурофарм го презакажа дуелот со Спортинг за 23. Ноември

            За актуелниот европски првак новиот предизвик во регионалната лига е гостувањето во Загреб каде ќе одигра средба со кинескиот дебитант Пекинг Спорт.

            Црвено црните се голем фаворит на овој натпревар иако најавија дека поради проблеми во составот нема да бидат повредените Павел Атман и Сергеј Горпишин додека Сташ Скубе ќе го пропушти овој натпревар поради болест заедно со Стојанче Стоилов и Жоле Толедо кои сеуште не настапуваат.

            Ова секако ќе биде шанса за помладите вардарови ракометари а тренерот Кокшаров најави дека нема да има потценување на противникот и покрај фаворитската улога.

По четири одиграни натпревари во СЕХА, Вардар е на второто место во А групата со девет бода и натпревар помалку од Мотор кој е лидер со 4 победи.