Ракомет
20. September 2017 - 19:34

СЕХА: Вардар – Татран Прешов 32:38

Ракометарите на Вардар без проблеми ја запишаа четвртата победа во СЕХА лигата откако вечерва го победија Татран Прешов со 32:28. Вардарци имаа водство во текот на целиот натпревар, а на десет минути имаше и највисока предност од 28:19 и 29:20. Со по четири голови најефикасни беа: Рожерио Мораеш, Игор Карачиќ, Лука Циндриќ, Данил Шишкарев и Вуко Борозан, додека на голот Даниел Ѓорѓески имаше осум одбрани.

На денешниот дуел тренерот Раул Гонзалез ги одмори Кањелас и Кристопанс.

На другите два натпревара одиграни денеска: Загреб - Цеље 25:25 и Мешков Брест - Динамо Панчево 29:26.

Утре играат: Војводина - Металург и Нексе - Горење.

Табела: Вардар 12 бода, Загреб 7, Цеље 7, Металург 6, Татран Прешов 6, Мешков Брест 6, Горење 3, Нексе 3, Динамо панчево 3, Војводина 0.