Loading Video...
Ракомет
12. March 2019 - 19:32

СЕХА: Вардар славеше кај Извиѓач

Ракометарите на Вардар со победа ги завршија натпреварите од лигашкиот дел во СЕХА лигата со што ја потврдија првата позиција пред стартот на завршниот Фајнал Фор во Белорусија закажан за 2-ри и 3-ти април.

                Црвено-црните иако со подмладен состав сепак одиграа  солиден меч  кој им донесе победа од 31-28 против домашниот тим на Извиѓач.

                Црвено-црните доминираа уште од стартот на мечот и постојано ја зголемуваа предноста која во еден момент изнесуваше дури 8 погодоци.  Но по период на брза игра Извиѓач подобро се снајде и  се доближи на три гола, предност која македонскиот првак ја задржа до крајот на мечот.

                Мартин Поповски одигра одличен меч  и постигна 9 погодоци додека Алжирскиот голман Калифа Гебдан го заврши мечот со 16 интервенции.

                Вечерва во 20.10 часот во Борис Трајковски Металург го игра последниот меч од региоанланата лига со Војводина.