Ракомет
21. September 2016 - 8:05

СЕХА: Вардар продолжува со победите

Ракометарите на македонскиот првак Вардар ја продолжија серијата победи во СЕХА лигата откако синоќа на домашен терен го победија Татран Прешов со 38:21. Во шестиот натпревар „црвено-црните“ ја постигнаа петтата победа и се сигурни на првото место на табелата.
 
Вардар во текот на целиот натпревар беше подобар ривал и постојано ја зголемуваше предноста. Сите „вардарци“ успеаја да се запишат во листата на стрелците, а најефикасен беше Алекс Душебаев со 6 голови.
На вториот натпревар одигран синоќа ППД Загреб го победи Горење со 28:21.
 
Табела: Вардар 16 бодови, Веспрем 9, Цеље 9, Мешков Брест 7, ППД Загреб 6, Металург 3, Горење 3, Нексе 3, Татран Прешов 3, Извиѓач 0.