-->
-->
СЕХА: Вардар го надигра Загреб
-->
Бранителот на титулата во СЕХА лигата, македонскиот и европски првак Вардар ја постигна и петтата победа во ова натпреварување откако попладнево на домашен терен го совлада хрватскиот првак Загреб со 30:23 (17:10). „Вардарци“ со овој триумф го задржаа максималниот учинок.
Гостите равноправен ривал беа до 18.минута кога резултатот последен пат беше изедначен 7:7, а до крајот на првиот дел Вардар напарви серија од 10:3.
Во второто полувреме „црвено-црните“ без поголеми проблеми го задржаа водството. Најпрецизни кај Вардар беа Игор Карачиќ и Тимур Дибиров со по 6 голови, голамнот Страхиња Милиќ имаше 17 одбрани. Стипе Мандалиниќ од Загреб со 8 голови беше најефикасен.
Вардар по пет одиграни натпревари со максимални 15 бодови и е прв на табелата, додека Загреб со 10 бодови остана на втората позиција од шест натпревари.
Утре во натпревар од 6.коло Металург во Скопје го пречекува тимот на Горење Велење, а дуелот се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 18:45 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица