Ракомет
2. December 2015 - 10:30

СЕХА: Вардар домаќин на Макс Струмица

Ракометарите на Вардар попладнево во СЦ „Јане Сандански“ го играат 10.тиот натпревар од СЕХА лигата, а домаќини се на вториот македонски тим во лигата Макс Струмица. Вардар се наоѓа на 5.место на табелата со 19 бодови, колку што има и шампионот Веспрем, но од два натпревара помалку. Макс Струмица е последна на табелата со само два бода. За „вардарци“ ова е последен тест пред саботниот дуел со Колдинг од Лигата на шампионите.

Почетокот на натпреварот е во 17:45 часот.

На вчера одиграните натпревари Борац Бања Лука направи изненадување со триумфот над лидерот Татран Прешов со 24:23 со гол постигнат од центарот на теренот во последната секунда, а на другиот натпревар Војводина како гостин го победи Спартак со 28:25.

Табела: Татран Прешов 27 бодови, ППД Загреб 24, Мешков Брест 21, Веспрем 19, Вардар 19, Нексе 12, Војводина 8, Борац 7, Спартак 7, Макс Струмица 2.