Loading Video...
Ракомет
6. November 2018 - 19:40

СЕХА: Ракомет за уживање вечерва во „Јане Сандански“

Во Скопје вечерва уште еден убав ракометен настан, гостува екипата на Нексе и тоа во рамките на СЕХА лигата на македонскиот првак Вардар.  Црвено-црните овој меч го најавуваат како загревање за големото дерби со Барселона во ЛШ.

                 Екипата на Нексе важи за голем расадник на таленти и затоа  секогаш  прикажувала добар ракомет на гостувањата во Скопје. Иако хрватскиот тим  нема многу успех во дуелите со Вардар сепак  може да се пофали со победа против фаворитот  на свој терен во 2014 година во регионалната лига.

            Сите останати дуели кои се регистрирани се во полза на црвено-црните кои се фаворит и вечерва но треба да очекуваме и мали корекции во составот од страна на тренерот Парондо што може екстра да ги мотивира гостите  на задоволство на домашната публика која  посакува да гледа добра ракометна претстава.

            Тренерот на Нексе  Хрвоје Хорват  е свесен дека Парондо мора да комбинира поради настапите на Вардар на два фронта но без максимален учинок на неговите пулени  не гледа шанса против ракометниот гигант.

            Средбата се игра во салата Јане Сандански со почеток во 20.45ч.