Ракомет
7. July 2017 - 9:14

СЕХА: Новата сезона без Веспрем, со српски екипи

Новата седма сезона од регионалната ракометна СЕХА лига ќе има 10 екипи, со тоа што се враќаат екипите од Србија, а ќе го нема унгарскиот шампион Веспрем, кој беше дел од ова натпреварување последниве сезони.
 
Македонија останува со два тима - актуелниот европски шампион и првак на СЕХА лигата Вардар и вицешампионот на Македонија Металург. Покрај нашите екипи ќе играат уште: Цеље и Горење (Словенија), ППД Загреб и Нексе (Хрватска), Војводина и Динамо Панчево (Србија), Мешков Брест (Белорусија) и Татран Прешов (Словачка).
 
Почетокот на лигата е закажан за 29 и 30.август 2017 година.