Ракомет
3. December 2019 - 19:43

СЕХА: Нов „минималец“ за Еурофарм Работник

Ништо ново во настапите на Еурофарм на меѓународната ракометна сцена. Повторно драматика неизвесност и минимален пораз, овојпат во рамките на СЕХА лигата. 
Во Битола  победа на ППД Загреб од 27-28 со што Еурофарм го доживеа 5. Пораз во серија во регионалното натпреварување. 
Хрватскиот тим имаше водство од почетокот на мечот и успеа да го заокружи до крајот на првиот дел со предност од 16-12.  Во вториот  битолчани се разиграа предводени од Остроушко и стигнаа до минус 1  во 45. Минута но немаа сили за подвиг. 
Хорват со 10 погодоци беше најдобриот поединец кај победникот додека во редовите на Еурофарм се истакнаа Остроушко со 7 и Ѓуриќ со 5 погодоци.