Ракомет
20. September 2017 - 19:36

СЕХА: Металург поразен во Нови Сад

Иако фаворите македонскиот претставник во СЕХА лигата Металург доживеа нов пораз во серија во Европа овојпат во Нови Сад каде на гостувањето кај Војводина беше поразен со 21-19 (11-11). Македонскиот тим кој на овој меч настапи без Жарко Пешевски, имаше шанса за победа, но во последните десет минути не искористи напад за два гола разлика, а потоа во важните моменти остана без играч помалку. Згора на сè имаа и четири промашени седмерци. 

Филип Кузмановски со пет погодоци беше најефикасен, Дарко Арсиќ имаше 11 одбрани.