-->
-->
СЕХА: Металург поразен на гостувањето кај Горење
-->
Ракометарите на Металург претрпеа нов пораз во рамките на СЕХА лигата. Попладнево македонскиот вицепрвак загуби на гостувањето кај Горење Велење со 23:18.
Домашниот тим водеше во текот на целиот натпревар, а највисокото водство го имаа во 49 минута (22:13). Горење водеше и со 23:14, а Металург во финишот со серија од 4 гола го ублажи високото водство на ривалот.
Најефикасен на дуелот беше Матјаж Брумен со 6 голови, а кај Металург по три голови постигнаа: Костадин петров, Стефан Дрогришки, Филип Кузмановски, Вања Илиќ и Филип Талески.
Со 14 одбрани на голот на Горење се истакна Рок Запоншек.
На вториот натпревар одигран попладнево ППД Загреб го победи Татран Прешов со 27:22.
Табела: Вардар 22 бода, ППД Загреб 15, Мешков Брест 13, Веспрем 12, Горење 9, Цеље 9, Нексе 7, Металург 4, Татран Прешов 3, Извиѓач 0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња