Ракомет
18. October 2016 - 12:36

СЕХА: Металург гостува кај Горење

Македонскиот ракометен вицепрвак Металург попладнево ги продолжува натпреварите во регионалната СЕХА лига. Избраниците на тренерот Лино Червар по тешко извојуваната победа над Ла Риоха во саботата во Лигата на шампионите, ќе имаат нов предизвик во дуелот со словенечката екипа Горење. Почетокот на дуелот е во 17 часот.
 
Во составот на Металург нема да биде Милош Драгаш, кој има повреда, а дебитантскиот настап ќе го има Вања Илиќ.
 
Покрај овој натпревар од СЕХА лигата попладнево во истиот термин играат и ППД Загреб – Татран Прешов.
 
Табела: Вардар 22 бода, Мешков Брест 13, ППД Загреб 12, Веспрем 12, Цеље 9, Нексе 7, Горење 6, Металург 4, Татран Прешов 3, Извиѓач 0.