Ракомет
14. September 2016 - 9:14

СЕХА: Металург домаќин на Мешков Брест

Нов тежок натпревар попладнево ја очекува екипата на македонскиот ракометен вицепрвак Металург. Тимот од Автокоманда по двата пораза од ланските финалисти: Вардар и Веспрем за ривал го има истотака учесникот од Лигата на шампионите Мешков Брест. Натпреварот се игра во „ВИП Арена“ во СЦ „Борис Трајковски“ почетокот е во 17 часот.

Покрај овој дуел денеска играат уште Извиѓач - Цеље и Нексе - Татран Прешов.
Вчера Вардар - ППД Загреб 32:31.
Табела: Вардар 10 бодови (4 натпревари), Цеље 6(3), Веспрем 6(3), Мешков Брест 4(2), ППД Загреб 3(2), Горење 3(2), Металург 0 (2), Татран Прешов 0(1), Нексе 0 (2) и Извиѓач 0 (1).