Ракомет
17. March 2017 - 9:43

СЕХА: Мешков го победи Загреб, Вардар против Загреб во полуфиналето

Ракометарите на шампионот на Белорусија Мешков Брест со победата постигната синоќа над Загреб на гости со 31:25 обезбедија пласман на „фајнл- фор“ турнирот во СЕХА лигата. Мешков со овој триумф го мина Загреб на табелата и со тоа обезбеди полуфинале против шампионот во оваа лига унгарски Веспрем.
Во второто полуфинале ќе играат македонскиот првак Вардар и хравтскиот Загреб. 
 
Завршниот турнир ќе се игра од 7 до 9.април, а кој ќе биде домаќин ќе биде објавено во понеделник на 20.март.
 
Конечна табела: Вардар 47 бодови, Веспрем 44, Мешков Брест 35, Загреб 34, Цеље 33, Горење 18, Нексе 18, Металург 17, Татран Прешов 13, Извиѓач 4.