-->
-->
СЕХА: Макс Струмица ја „брка“ првата победа
-->
Македонскиот ракометен вицепрвак Макс Струмица вечерва на домашен терен го игра шестиот натпревар од СЕХА лигата. За противник струмичани го имаат тимот на Борац Бања Лука.
Ова воедно е шанса Макс Струмица да ја забележи првата победа во лигата бидејќи квалитетот на ривалот е на речиси исто ниво. Воедно и малку да ја „кренат“ атмосферата по двата убедливи пораза од Мешков Брест и од ППД Загреб.
- На последните дуели имавме проблеми со повредите. Сега сите со исклучок на левото крило Мирко Мајиќ се подготвени, иако е можно и Мајиќ да се појави во игра. Ја очекувам првата победа во СЕХА лигата, изјави тренерот Марјан Андонов.
Гостинската екипа на Борац од Бања Лука досега има одиграно само еден натпревар во лигата и тој го загуби.
Почетокот на дуелот Макс Струмица – Борац е во 20:15 часот, а дуелот се игра во салата „Парк“ Струмица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии