Ракомет
9. December 2015 - 14:12

СЕХА: Макс Струмица гостува кај Војводина

 
 Во регионалната ракометна СЕХА лига денеска ќе се играат три натпревари. 
 
Македонскиот вицепрвак екипата на Макс Струмица која досега нема победа во регионалната конкуренција, гостува во Нови Сад кај составот на Војводина. Овој натпревар, кој е од 14.коло, ќе започне во терминот од 19 часот и 30 минути. 
 
Претходно (19 часот) ќе стартува средбата меѓу Мешков Брест и Веспрем, а во последниот натпревар од 20 часот ќе играат Борац и Спартак.
 
Утре, во Скопје од 17.45 часот, на програмата е дербито меѓу македонскиот шампион Вардар кој во моментов е на третата позиција на табелата и хрватскиот првак ППД Загреб кој е второ рангиран.
 
Табела: Татран Прешов 27 бодови (11 одиграни натпревари), ППД Загреб 24 (9), Вардар 22 (10), Мешков Прест 21 (10), Веспрем 19 (7), Нексе 15 (11), Војводина 8 (12), Спартак 7 (11), Борац 7 (12) и Макс Струмица 2 (11).