Loading Video...
Ракомет
6. October 2020 - 16:56

СЕХА лигата останува без Веспрем и Мешков Брест !?

Регионалната ракометна СЕХА лига во која ќе настапуваат нашите претставници Вардар и Еурофарм Пелистер, се соочува со проблеми околу организацијата на новата сезона.
 
Откако раководството на СЕХА лигата објави дека во новата сезона ќе настапуваат десет екипи, стигна информацијата дека најверојатно новиот регионален првак Веспрем и тимот на Мешков Брест нема да играат. 
 
Имено, унгарската и белоруската екипа имаат потешкотии рестриктивните протоколи поврзани со Корона пандемијата, како и патувањата во нивните земји, па неизвесно е дали ќе може да настапат во регионалното натпреварување. 
 
Но раководството на СЕХА не се откажува сезоната да се одигра со десет екипи. 
Постои веројатност дека Веспрем и Мешков Брест ќе ја прескокнат групната  и ќе се приклучат на натпреварите во елиминациската фаза, што би се играла напролет. 
 
Но, тука проблемите за СЕХА не завршуваат, бидејќи со исти потешкотии се судрува и словачкиот првак Татран Прешов. 
 
Која ќе биде конечното решение на раководството на лигата  останува да се види, по што се очекува да биде и објавен календарот и распоредот на натпреварувањето во кое Македонија ќе биде преставувана од Вардар и Еурофарм Пелистер.