Ракомет
8. July 2016 - 11:25

СЕХА лигата без српски тимови

Десет екипи ќе се натпреваруваат во регионалната ракометна лига, СЕХА, во сезоната 2016/2017. Инаку во престојната сезона во лигата нема да играат клубови од Србија, додека прв пат од формирањето на СЕХА ќе учествуваат екипи од Словенија.
 
Македонија и во наредната сезона во СЕХА ќе партиципира со две екипи, вицепрвакот во оваа конкуренција Вардар и Металург. Два тима уште ќе имаат Словенија (Цеље и Горење), односно Хрватска (ППД Загреб и Нексе).
 
Останатите тимови се бранителот на титулата Веспрем (Унгарија), Мешков Брест (Белорусија), Татран Прешов (Словачка) и Извиѓач Љубишки (Босна и Херцеговина).