Ракомет
10. September 2017 - 20:08

СЕХА лига: Втора победа за Металург

Македонскиот ракометен вице првак Металург ја постигна и втората победа по ред во СЕХА лигата откако во дуелот од 3.коло како домаќин го победи хрватскиот тим Нексе со 29:22.
Најефикасни на дуелот беа Жарко Пешевски и Вања Илиќ со по 6 голови.
Од оваа рунда Вардар во петокот го победи Мешков Брест со 31:23, а вчера Цеље како гостин го совлада Татран Прешов со 26:25. Во вторник ќе играат: Војводина - Загреб и Горење - Динамо Панчево.
Табела: Вардар 9 бодови, Татран Прешов 6, Металург 6, Цеље 6, Загреб 3, Динамо Панчево 3, Мешков Брест 3, Нексе 3, Војводина 0, Горење 0.