Ракомет
8. July 2016 - 11:42

СЕХА лига: Веспрем ја брани титулата, новата сезона без екипи од Србија

Бордот на СЕХА лигата на последниот состанок донесе одлука за составот на екипите за сезоната 2016/2017, која ќе стартува на 6 и на 7.септември без екипи од Србија. Актуелниот првак во ова регионално натпреварување унгарски Веспрем ќе ја брани титулата, а за првпат ќе настапат и две екипи од Словенија.
Македонија како и Хрватска има две загарантирани места, а ќе играат шампионот Вардар и Металург. 
Според форматот ќе се играат 18 кола, а потоа ќе следува завршниот турнир „фајнл фор“.
 
Учесници во СЕХА лигата во сезоната 2016/2017:
Вардар, Металург (Македонија),
Цеље, Горење (Словенија),
ППД Загреб, Нексе (Хрватска),
Веспрем (Унгарија),
Мешков Брест (Белорусија),
Татран Прешов (Словачка) и
Извиѓач (Босна и Херцеговина).