Ракомет
30. August 2016 - 14:48

СЕХА лига: Вардар и Мешков Брест на отворање на лигата

Со вечерашниот натпревар меѓу Вардар и Мешков Брест стартуваат натпреварите од 6.та сезона од СЕХА лигата. Почетокот на дуелот е во 20:30 часот, а се игра во СЦ Јане Сандански.

Ова е натпревар од 5.коло, а поради обврските на двата тима во тој период се игра порано.
Првото коло на СЕХА лигата е планирано да се игра на 6 и 7.септември за кога е закажан дуелот меѓу Металург и Вардар.