Ракомет
5. September 2017 - 8:26

СЕХА лига: Вардар и Горење за старт на второто коло

Со натпреварот меѓу Вардар и Горење што се игра попладнево во СЦ „Јане Сандански“ ќе стартуваат натпреварите од 2.коло од СЕХА лигата. Актуелниот шампион Вардар во првото коло победи на гости кај Металург, додека Горење го загуби дуелот на домашен терен од Цеље. 
Почетокот на натпреварот е во 17:30 часот. Покрај овој дуел денеска играат уште Нексе - Војводина.
Утре на програмата се другите три натпревари: Татран Прешов - Загреб, Цеље - Мешков Брест и Динамо Панчево - Металург.