Ракомет
10. December 2015 - 19:41

Сеха лига: Вардар го совлада ППД Загреб 33-24

Со победата против ППД загреб остварена попладнево на домашен терен ракометарите на Вардар се пробија на второто место во СЕХА лигата зад лидерот Татран Прешов. Македонскиот првак ја оствари осмата победа сезонава во лигата совладувајќи го Загреб со 33:24.
Победникот беше решен во првиот дел откако „вардарци“ одиграа одлично во одбраната и првпат имаа двоцифрена разлика – 14:4 (21.минута). Во текот на првиот дел Вардар во неколку наврати имаше и +11 разлика. Во вториот дел „црвено-црните“ ја одржуваа предноста, а гостите единствено намалија во 48.минута (26:20).
 
Најефикасни кај Вардар беа Блаженко Лацковиќ, Лука Циндриќ и Сергеј Горбок со по 5 голови, додека кај Загреб Домагој Павловиќ постигна 7 голови. 
 
Табела: Татран Прешов 27 бодови, Вардар 25, ППД Загреб 24,Веспрем 22, Мешков Брест 21, Нексе 15, Војводина 11, Борац 10, Спартак 7, Макс Струмица 2.