-->
-->
СЕХА ги објави групите за новата сезона
-->
Раководството на регионалната СЕХА лига, денеска ги објави групите, за новиот формат на натпреварување во оваа ракометна конкуренција.
Актуелниот шампион Вардар, одбраната на титулата ќе ја започне во првата група во која за противници ќе ги има Нексе (Хрватска), Татран Прешов (Словачка), Војводина (Србија), Мотор Запорожје (Украина) и новајлијата во оваа конкуренција Татабања (Унгарија).
Вториот македонски претставник, воедно и дебитант во СЕХА, битолски Еурофарм Работник ќе биде во група со Веспрем (Унгарија), ППД Загреб (Хрватска), Мешков Брест (Белорусија), Металопластика (Србија) и кинескиот тим Пекинг Спорт Универзити.
Премиерното коло од деветтото издание на СЕХА лигата е закажано за 3 и 4 септември.
До крајот на годинава (14/15 декември) ќе се одиграат дуелите во групната фаза, а почнувајќи од февруари 2020-та, ќе започнат разигрувањата, односно плеј-офот.
Завршниот „Фајнал-фор“ турнир е предвиден во периодот од 3 до 5 април 2020 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто