Loading Video...
Ракомет
23. November 2019 - 17:55

СЕХА: Еурофарм загуби минимално во Шабац

Нема натпревар за Еурофарм Работник без пресврти, драматика и неизвесност. Овојпат Фармацевтите загубија миминално со 27-26 во мечот со Металопластика во Шабац каде гостуваа во рамките на СЕХА лигата. 
Битолчани имаа одличен старт и по почетните 4-0 направија и предност од 5 погодоци но залудно бидејќи дозволија до крајот на првиот дел предноста да се стопи на 12-11 во нивна корист. 
Во вториот дел  Еурофарм повторно го диктираше резултатот и одржуваа минимална предност се до 5 минути пред крајот кога српскиот претставник поведе со 25-24 и успеа до крајот да го сочува водството за заслужена победа иако македонскиот претставник во последната минута имаше 26-26. 
Милиќ во редовите на Металопластика постигна 9 погодоци додека кај Еурофарм се истакна Вегар со 8. ПО седум одиграни кола Еурофарм има три победи и 4 порази.