Ракомет
29. November 2018 - 18:56

СЕХА: Драматичен пораз на Металург

Ракометарите на Металург се поразени во драматичен меч на гостувањето во Војводина во рамките на СЕХА лигата со 31-30 иако одиграа одлично прво полувреме во кое имаа и водство од 15-8.
Во вториот дел нашиот претставник направи многу грешки  и дозволи по неколкуте добри одбрани на голманот на Војводина , Петровиќ, домашниот тим да се врати резултатски. Во самиот финиш Металург имаше напад за водство при резултт 28-28  но не го реализира. Имаше и играч повеќе во последните 2 минути но дозволи Војводина да дојде до водство од 31-30.  Последниот напад го имаше Маџовски но ја погоди стативата и Металург загуби иако заслужи најмалку бод на овој меч.