Џет-Сет
4. October 2017 - 14:40

„Сега и ние мора да се простиме од „нашата вила“ - мајката и сестрата со солзи во очите се збогуваа од Дона Арес

Во  домот на културата во Бихаќ денеска се одржа комеморација во чест на починатата пејачка Азра Колаковиќ на која присуствуваа голем број на колеги, поранешни професори, роднини и пријатели.

Пред комеморацијата пред домот на култура се собра и семејството на пејачката како и нејзината мајка и сестра кои не можат да веруваат дека нивната хероина засекогаш ги напуштила.

Инаку погребот на пејачката Дона Арес е закажан за поладнево во 16 часот, а нејзината смрт погоди многу сограѓани кои со солзи во очите се простуваат од неа.

Азра Колаковиќ почина во понеделникот на 41- годишна возраст по долгата и тешка болест.

Утрово на плоштадот во Бихаќ поставена била и голема фотографија со ликот на пејачката, каде сограѓаните се простуваат од својата ѕвезда.

– Зошто си не напуштила? Заслужуваше да живееш долги години“, Ти си нашиот борец, змеј, лав… Никогаш нема да те заборавиме, ова одекнувало од плоштадот.