Македонија
26. October 2017 - 13:06

Сееја страв низ Шутка: Крадеа златни ланчиња па ги продавале во златара на Бит Пазар

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Н.Д.(20) и Н.И.(23), двајцата од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сториле четири кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“.

Пријавените од 03. до 15. овој месец во населбата „Шуто Оризари“, со употреба на физичка сила им ги кинеле од врат златните ланчиња со привезоци на повеќе лица, а украденото злато го продавале во непозната златара на „Бит

Пазар“, при што се стекнале со имотна корист од околу 139.000 денари.