Бизнис
11. December 2015 - 16:55

Седумнаесет проекти избрани на вториот повик на фондот за иновации

17 проекти  се избрани  да добијат пари од фондот за иновации . 10 од нив се за отворање  на  нови старт уп и спин оф  компании . Најмногу  или 7 се за во ит секторот , две се за дизајн и уметност , еден за спорт.  За  отвоарањето на  овие нови претпријатија  од фондот  ќе бидат издвоени  над  270 илјад евра.

Останатите седум се иновативни проекти за ИТ индустријата ,  произвдоство на мебел, иновации за во  градежништвото, и земјоделството. Рокот за нивна реализација е 24 месеци . За сите  седум  иновативни проекти фондот обезбеди 600 илјади евра.

На вториот повик беа пријавени вкупно 95 проекти. На  првиот повик пак  беа доделени 460 илијади евра  за отворањње на 16 претпријатија.  И  тогаш најголем број беа од ИТ секторот и денеска работат  на развој на нови иновативни  проекти.  Следниот повик  на фондот ќе биде објавен  на почетокот на  следната година.